Со доаѓањето на нови верзии на некои системски апликации, честопати можеме да дознаеме за додавање на нови функционалности, па дури и хардверски параметри на идните уреди за кои се наменети. Традиционално, XDA Developers сподели слични откритија, а сега тие се поврзани со програмата „Samsung Camera“ и нејзиниот нов интерфејс „One UI 2.0 beta 4“.
Во неа се додава опција за снимање на видео со 8K, а за нејзината достапност во еден од следните смартфони Galaxy, исто така, сугерираат и параметрите на чипсетот Exynos 990, кој се очекува да се користи на Galaxy S11. Поддржува видео снимање со резолуција од 4K на 120 фрејма во секунда (fps) и на 8K на 30 fps. Snapdragon 865 веројатно ќе понуди вакви можности.
Оваа висока резолуција ги потврдува и гласините за интеграција на сензорот од 108 мегапиксели. Меѓу новитетите кај режимите и функционалност на апликацијата се Director’s View, Single Take Photo, вертикална панорама, персоналните филтри и Night Hyperlapse кои звучат доста интересно. XDA, исто така, пронајде докази дека Корејците подготвуваат модел со сооднос на страните 20:9, а најверојатно станува збор за Galaxy S11.