Samsung вредно работи на својата Galaxy S11 линија паметни телефони, а според тврдењата на дојавувачот Ice Universe, претстојниот Galaxy S11+ ќе има 108MP сезор со 9-to-1 Bayer технологија.

Во посебен твит, дојавувачот го прикажа дизајнот на телефонот, кој покажува дека Galaxy S серијата ќе го прифати дизајнот на Galaxy A и M линиите со голем правоаголен слот во готниот лев агол.

Се очекува дека 108MP сензор ќе биде способен да испорачува 12MP фотографии, но со вакво пиксел-бинување, би можеле да имаме најјасна слика за фотографите кои некој телефон некогаш ги креирал. Индивидуалните комбинирани пиксели имаат големина од 2.4μm, што е доста повеќе од се што е актуелно.

Дополнителните детали на системот на камери покажуваат дека долниот сензор е всушност перископ. Според тврдењата на Ice Universe, горниот сензор е ултраширок, додека оној во средина е главен. Перископ сензорот ќе има и улога на телефото камера. Од десната страна на овој систем се очекуваат Time of Flight (ToF) сензор, како и блиц.