Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја одложи забраната за продажба на американски производи на кинеската компанија Хуавеи за уште 90 дена.

Откако во мај 2019. година САД и Кина ја заострија трговската војна, некои кинески компании се најдоа на „црната листа“, а меѓу нив беше и Huawei.

Последиците од трговската војна го погодија кинескиот гигант. Huawei поради тоа мораше да го промени начинот на работа во целиот свет, но иако на почетокот се чинеше дека компанијата ќе добие целосна забрана за соработка со Google и користење на апликациите и сервисите на американскиот гигант, сепак тоа не се случи со таков интензитет.

Новата дозвола ќе му овозможи на Huawei нормална работа, но сепак тоа не значи дека кинескиот гигант целосно ќе биде ослободен од санкциите, па така иднината на некои уреди останува неизвесна. Ова во најмала рака ќе му овозможи на Huawei да го развие сопствениот оперативен систем.

Ова е второ одложување од 90 дена откако администрацијата воведе санкции во мај.