Според истражувањето на компанијата Counterpoint Research, на пазарот на премиум паметните телефони доминираат Apple и Samsung, а голем успех во овој сегмент бележи и компанијата Huawei.

Компанијата Counterpoint Research ги објави резултатите на својата анализа на пазарот на паметни телефони во третиот квартал на 2018. година. Овој пат акцентот е ставен на секторот на премиум смартфони, што значи мобилни уреди со цена над 400 американски долари.

За разлика од целокупниот пазар на паметни телефони кој веќе некое време стагнира, премиум секторот и натаму бележи добри резултати. За споредба, додека целокупниот пазар на паметни телефони бележи пад од 5 проценти на годиншно ниво, во исто време премиум секторот на истиот пазар остварува раст од 19 отсто на годишно ниво.

Според Counterpoint, за таквиот раст најмногу е заслужен Apple со своите iPhone уреди, но и некои кинески производители со своите премиум уреди (на пример Oppo и Vivo).

На пазарот на премиум мобилни уреди доминираат Apple и Samsung. Водечкиот Apple на овој пазар има удел од 47 проценти, додека Samsung се наоѓа на втората позиција со удел од 22 проценти. На третото место се наоѓа Huawei со удел од 12 проценти, а по него следуваат Vivo и Oppo (двете со удел од 5 отсто) и на крајот компанијата Xiaomi со удел од 3 проценти.