Интересен патент се појави на EUIPO (Канцеларија за интелектуална сопственост на Европската унија), а пристигнува од Samsung. Јужнокорејскиот гигант ја опишува технологијата на зумирање како Space Zoom. Функцијата веројатно ќе биде дел од претстојната Galaxy S11 линија, која се очекува во февруари следната година.
Патентот не влегува во детали, туку опишува карактеристика која овозможува зумирање на субјектот без губење на квалитетот. Ова потсетува на еден вид хибриден зум, што значи дека користи вистинското зголемување од конкретниот телефото објектив, а потоа се применува дигитално зумирање и можно е сложување на слики за уште повеќе да му се доближи на субјектот, а сето тоа без значително намалување на квалитетот на сликата.
Патентот е во согласност со она што го слушнавме во претходните гласини, кои тврдеа дека најмалку еден Galaxy S11 ќе има 5х телефо-камера.