Кинескиот онлајн гигант за малопродажба Алибаба се надева дека ќе собере до 15 милијарди американски долари во почетната јавна понуда (ИПО) во Хонг Конг.

Продажбата на акции од најголемата компанија во Азија ќе се изврши во време кога властите во Хонг Конг со месеци се соочуваат со жестоки протести, што ја влошува економијата и угледот на финансискиот центар.

Алибаба се обидува да добие меѓу 10 и 15 милијарди долари при првичното јавно понудување, наведува Bloomber.

Компанијата, која веќе е на списокот на технолошката берза Nasdaq во Њујорк, планираше да биде вклучена во списокот во текот на летото, но прекина поради долготрајните демонстрации во градот и кинеско-американската трговска војна.