Заедно со Mi CC9 Pro смартфонот, Xiaomi го претстави и Mi Watch – прв паметен часовник во рамките на Mi брендот. Носечкиот уред го карактеризираат сериозни функции, а Xiaomi го промовира како „мал телефон за вашиот зглоб“.
Паметниот часовник има 1.78-инчен AMOLED екран, кој има можност секогаш да биде вклучен, а сместен е во 44 мм куќиште. Задниот дел е направен од керамика, а постои едно копче од десната страна на рамката за ракување со интерфејсот. Од левата страна се наоѓаат еден звучник и микрофон. Присутни се и Bluetooth, NFC и eSIM поддршка, што ќе му овозможи на часовникот во целост да функционира самостојно.
Xiaomi Mi Watch користи MIUI интерфејс, заснован на Google Wear OS, а има преку 40 вградени апликации и одвоена продавница на апликации која е отворена и за екстерните програмери.
Паметниот часовник ги има и вообичаените функции за следење на фитнес активности, вклучувајќи и следење на пливањето и компатибилноста со Firstbeat аналитика на перформансите.
Часовникот го покренува Snapdragon Wear 3100 4G чипсет, спарен со 1GB RAM и 8GB простор за складирање. Работниот век на батеријата е проценет на 36 часа, со вклучена 4G поддршка. Вградена е 570 mAh батерија, која претставува најголема досега во некој паметен часовник.
Xiaomi Mi Watch засега е ексклузива за кинескиот пазар и нема информации за евентуална глобална достапност. Часовникот се продава по цена од околу 285 долари. Постои и Premium Edition Mi Watch, кој по цена од околу 285 долари нуди екран од сафир, а рамка и ремен од нерѓосувачки челик.
Поврзани артикли