Серијата Tomb Raider со Лара Крофт исто така ќе пристигне на конзолата Nintendo Switch годинава, а ќе бидат достапни и неколку игри.

Игрите од франшизата Tomb Raider беа достапни во различни жанрови во текот на годините, вклучително и ко-оп изометриски стрелци. Лара Крофт најмногу ја познаваме од акциони-авантуристички игри за компјутер и конзоли, а сега доаѓаат и на Switch.

Уште во 2021 година беше најавено дека ќе пристигне на Nintendo Switch во текот на 2022, а сега е потврдено дека Lara Croft and the Guardian of Light (2010) и Lara Croft and the Temple of Osiris (2014) ќе пристигнат на рачната конзола во текот на 2023 година.

Feral Interactive е одговорен за „портување“ на овие игри, а повеќе детали ќе бидат објавени годинава.