По примерот на Snapchat, Instagram, Facebook и другите слични социјални мрежи, и Twitter одлучи да експериментира со Stories опцијата. Како и кај останатите, објавите поставени на овој начин можат да содржат текст, видео, фотографии или анимирани GIF-ови, ќе се прикажуваат во посебен дел во врвот на корисничкиот интерфејс и ќе исчезнат по 24 часа.

Twitter ги нарекува своите Stories – Fleets. На нив нема да биде можно јавно да се одговори, да се лајкуваат или ретвитуваат. Другите твитераши на Fleets ќе можат на нивниот автор да му испратат одговор со приватна порака. Првиот тестот на оваа опција почна вчера во Бразил, но корисниците, благо речено, не се воодушевени.

Воведувањето на овој додаток ќе го претвори Twitter во Instagram, сметаат многумина кои се се согласуваат со тој правец на развојот на социјалната мрежа. За незадоволството на корисниците од оваа идеја, говори и фактот дека многу брзо по најавата на тестот на Fleets во Бразил, меѓу трендинг темите на Twitter (глобално!) на прво место заседна хаштагот #RIPTwitter.