Постојат многу подобри опции од новиот iPhone 11 на Apple

iPhone 11 е можеби еден од најпривлечните телефони кои Apple некогаш ги направил. Неверојатно е брз, има одлична камера, одлично траење на батеријата и чини помалку од минатогодишниот iPhone модел.

Станува збор за најдобрата алтернатива на iPhone 11 моделот, ако не и најдобриот избор, особено ако не сте фан на Apple, но сакате подеднакво квалитетен Android телефон.

One Plus има едноставна мисија – да прави убави и брзи телефони кои чинат само еден дел од цената на конкуренцијата. А моделот 7Т е најдобриот телефон кој компанијата досега го направила.

Прво што ќе забележите е неверојатниот дизајн. Задната стаклена страна во сина боја е нешто навистина посебно, а мат завршницата во раката делува навистина неверојатно.

Тука е и 6.55 инчниот дисплеј. Не само што станува збор за AMOLED туку има и повисока стапка на освежување од 90 Hz.

OnePlus 7T во себе ја има речиси секоја спецификација која би посакале да ја имате. Работи на Snapdragon 855+ процесор so 8GB работна меморија и 128GB простор за складирање.

Телефонот го напојува 3.800mAh батерија со која доаѓа и 30W полнач. Важно е да се напоменат и трите камери – 48MP главниот сензор, 12MP телефото сензор и 16MP ултраширок објектив. Можеби нема отпорност на вода, но затоа има речиси сè останато.

И додека технички 7Т работи на Андроид, тој користи посебна модифицирана верзија со наслов OxygenOS која е најблиска на фабричкиот Андроид кога станува збор за брзината и функциите.

Иако на пазарот постојат и други интересни алтернативи, сепак OnePlus 7Т дефинитивно е најдобриот избор сега.

Извор: Telegraf.rs