Компанијата Samsung ќе ја прекине работата во една од своите фабрики за производство на мобилни телефони во Кина, изјави денеска портпаролка на компанијата.
Причина за тоа е намалување на продажбата и пораст на трошоците за работа во Кина во последните неколку години.
– Поради тоа Samsung ги фокусира своите главни инвестиции во мобилни телефони во производствените погони во Виетнам и Индија, соопшти компанијата.
Освен фабриката во градот Тианин, во североисточниот дел на Кина, која ќе се затвори, Samsung има уште една кинеска фабрика за телефони во Хуижоу, во провинцијата Гуангдонг.
Поврзани артикли
