И покрај строгите процеси на одобрување што ги поминуваат апликациите за iOS, се чини дека некои заразени програми успеваат да ја „прескокнат лентата“. Apple потврди дека 17 апликации за iPhone-инфицирани со малициозен софтвер се отстранети од App Store, откако успешно го завршија процесот на преглед на компанијата. Сите тие се од еден програмер – AppAspect Technologies, опфаќајќи широк спектар на опции, вклучувајќи интернет радио, решение за компресија на видео, брзинометар и многу повеќе.
Злонамерниот код не беше откриен од компанијата Купертино, туку од мобилната фирма за безбедност Wandera. Во случајот станува збор за тројански коњ од типот „clicker“, чија цел е да прави активности, поврзани со реклами во позадина. Тука се вклучени постојано отворање страници или кликнување на врски без интервенција на корисници. Во повеќето случаи, овој вид тројанци е дизајниран да генерира приходи од кликнување на реклами. Оваа практика се користи и за да се исцеди буџетот на конкурентските огласи со вештачко зголемување на кликови.
Корисниците на заразени апликации не се повредени директно, туку преку употреба на мобилни податоци и потенцијално оптоварување на уредот. Апликациите ја „прескокнале“ проверката на Apple затоа што малициозниот код не е директно во нив, туку се инјектира од оддалечен сервер што се користи за контролирање и на апликации со Android.
Apple објави дека тие го подобруваат процесот што го користат за прегледување на апликациите за да може овој пристап да биде пресретнат.
Поврзани артикли