Компанијата Twitter денеска сооппшти дека ќе ги забрани сите видови на политичко огласување на друштвената мрежа ширум светот.

Извршниот директор Џек Дорси навел дека на Twitter дофат до ваквите пораки „треба да биде заслужен, а не купен“, пренесува BBC.

Како една од главните причини за носењето на ваква радикална одлука е, како што пишал Дорси, што политичката порака има дофат кога луѓето ќе одлучат да заследат некој профил или да ретвитнат.

„Плаќањето за дофат ја отстранува таквата одлука и им наметнува на луѓето многу оптимизирани и насочени политички пораки. Веруваме дека одлуката не треба да биде компромитирана со пари“, истакна директорот на Twitter.

Тој изјави дека политичките реклами на Интернет претставуваат нов предизвик за граѓанскиот дискурс пред се заради оптимизираните пораки насочени кон микро-цели, непроверени информации и бројни лаги.