Во текот на изминатите неколку години имавме можност да видиме зголемување на стапката на освежување кај дисплеите на паметните телефони. Razer и Asus го започнаа ова со дисплеи со 90Hz и 120Hz на своите гејминг смартфони, а сега опцијата се повеќе се појавува и кај стандардните, мејнстрим телефони.
Според извештаите, во текот на 2020. година, Apple исто така планира да се вклучи на овој пазар, а информациите сугерираат дека следниот iPhone ќе има дисплеј од 120Hz.
Apple веќе експериментираше со високите стапки на освежување, на тоа на iPad Pro моделите, кој користат touch sampling за зголемување на освежувањето до 120Hz додека скролате, користете Apple Pencil или гестикулации. Оваа функцијата не пристигна на iPhone 11, но според информациите ќе биде достапна на следната генерација на iPhone.
Алтернатива може да биде дисплејотсоа освежување од 90Hz, што веќе го видовме кај многу производители на Android во претходните месеци (OnePlus, Google, ASUS, Razer, Oppo и други).