Вселенските туристи ќе мора да се стрпат барем до средината на следната година, а можеби и подолго, за патување околу Месечината со брод на компанијата SpaceX, пишува Wall Street Journal.

Новата програма за летање е одложена барем до средината на 2019 година, а веројатно и подоцна, објави компанијата која првиот таков лет го планираше до крајот на 2018 година.

Причината за доцнење не е јасна, но се зборува за технички и производствени предизвици кои ги нарушиле плановите на Елон Маск за истржување на Сончевиот систем во кој ќе учествува и човекот.

Туристите ќе патуваат на Месечината во капсулата Dragon која ќе биде носена од најсилната ракета Falcon Heavy на компанијата SpaceX, која пред четири месеци беше успешно лансирана.

Портпаролот на SpaceX, Џејмс Глисон рече дека не отстапуваат од планот да пратат патници околу Месечината и дека расте заинтересираноста на клиентите за тој вид туризам.

Тоа би бил прв таков лет по завршување на алериканската мисија Аполо на почетокот на 70-тите и најоддалечената точка во длабоката вселена до која дошол човекот.

Извор: B92.net