Доколку имате iPhone 5, тогаш треба да проверите дали користите iOS 10.3.4.
Компанијата Apple ги предупреди корисниците на iPhone 5 дека треба да го преземат iOS 10.3.4 до 3. ноември, затоа што можат да изгубат многу опции. Се работи за проблем со GPS и точно време и датум за повеќе опции на телефонот.
Apple користи GPS за датум и време, а за да се покажува точно неопходно е да се направи апдејт.
„Доколку не направите апдејт, ќе ги стопирате функциите кои се однесуваат на точен датум и време, како што се App Store, iCloud, email и web browsing“, соопштуваат од Apple.
Ова се однесува и на корисниците на iPad Wi-Fi + Cellular, iPhone 4S и постарите модели на iPad.
За надоградување на софтверот изберете Settings – General – Software Update.
Доколку не го направите ажурирањето до 3. ноември, тогаш мануелно ќе треба да го приклучите телефонот на компјутер, па да го надоградите софтверот.
Извор: Klix.ba