Huawei на почетокот на оваа година претстави освежена верзија на P30 Lite моделот од 2019. година, а уредот е познат како Huawei P30 Lite New Edition.

Сега Huawei дивизијата од Германија сугерира дека компанијата истото би можела да го примени и на P30 Pro премиум моделот. Сајтот го наведува новиот уред, познат како Huawei P30 Pro New Edition, кој би требало да биде достапен од 15. мај.

Се очекува дека Huawei P30 Pro New Edition ќе има воглавно ист дизајн и спецификации како актуелниот P30 Pro, а новитет ќе бидат дополнителните варијанти на бои и нови конфигурации на меморија.

Она што е од значење е дека се очекува Huawei P30 Pro New Edition да пристигне со прединсталиран Google Mobile Services (GMS) софтвер, како што тоа беше случај и со P30 Lite New Edition модел.