Одделот за Microsoft во Германија одржа настан за програмери и новинари, на кој присуствуваше и Панос Панај – шефот на производи на компанијата. За време на настанот имаше многу прашања и дискусии во врска со неодамна претставениот преклопнен уред Surface Duo. Панај не откри голем дел од деталите, но истакна дека Microsocft „работи на камера од светска класа“.
Прототипот на уредот, кој е прикажан порано, имаше само една селфи камера. На задната страна беше сместен голем, кружен отсек, веројатно за да се означи каде ќе се наоѓа модулот на камерата. Но, овој пат со само еден сензор.
Се разбира, ќе помине цела година до планираното лансирање на Surface Duo на пазарот, и многу ќе биде променето во дизајнот од прототип до финален производ. Останува да се види колку добра камера ќе успее да имплементира Microsoft во уредот чии две половини се прилично тенки.
Компанијата има и интересен патент, кој би можел да се најде на уредот. Опишува посебна група леќи и сензори за слики, кои се поставени со помош на активирач кога е тоа потребно. Кога нема потреба од сензор, тој се повлекува.
Поврзани артикли