Германската компанија Lilium ги изведe првите тестови на електричното летечко такси, кое би требало да биде пресврт во транспортот на луѓе во метрополите.
Менаџментот на компанијата од Минхен соопшти дека летечкото такси имало успешен прв лет и достигнало брзина од над 100 километри на час.
Во соопштението се вели дека тоа е прва фаза од тестирањето, а дека компанијата продолжува да развива летачко такси возило кое ќе има капацитет да превезе пет патници.
Од компанијата тврдат дека летечките такси во големите градови ќе бидат во употреба во 2025 година и дека ќе го решат проблемот со сообраќајниот метеж.
Lilium во фабриката во Минхен вработува 350 работници, а во наредниот период е најавено отворање на нова фабрика со нови 500 работни места.
На крилјата на летечко такси има инсталирано 36 електрични мотори. Возилото се крева од земја и се спушта на земја по вертикална патека и не му е потребна писта. Во финалната верзија, таксито ќе лета со брзина до 300 километри на час, а планираниот опсег на лет е 300 километри.
Поврзани артикли