Многу производители веќе нудат 5G паметни телефони, но некои не брзаат да лансираат вакви уреди. На пример, iPhone со 5G поддршка најверојатно ќе биде достапен дури следната есен. Следната година се очекуваат и Pixel паметни телефони со 5G.
Потпретседателот на Google, Брајан Раковски објасни зошто нема 5G верзии на новите модели Pixel 4 и 4XL, објавени претходната недела. Компанијата верува дека новата технологија за мрежи од петтата генерација сè уште не е подготвена за потрошувачите.
„Сега не е време да се купи паметен телефон со 5G“, велат од Google. Компанијата ќе лансира соодветен паметен телефон 5G кога ќе почувствува дека ќе дојде вистинско време.
Раковски укажува и на слабата покриеност на мрежите од петтата генерација и зголемената потрошувачка на енергија. На ова може да се додадат и повисоки цени за уреди со 5G.