Откако се појавија гласини дека Honor ќе одржи глобална објава на 12 август, компанијата сега го потврди ова преку покана за медиумите.

Поканата ја споменува Honor Magic3 серијата, а дава и подобар увид во камерите на претстојните телефони. Останува да се види дали ова значи дека телефоните од споменатата серија ќе имаат поголема испакнатина за модулот на камерата.

Други детали за Magic3 серијата не се објавени, но се очекува дека ќе постојат повеќе модели на телефони. Honor Magic 2 е објавен уште во 2019 година и корисниците  веќе долго го очекуваат наследникот.

Глобалните верзии на Magic3 телефоните би требало да понудат поддршка за сервисите на Google од првиот ден. Со оглед на тоа што Magic серијата главно се користеше за прикажување на нови и премиум карактеристики, ќе биде интересно да се види што Honor подготвил овојпат.