Автомобилите и технологиите во иднина ќе мораат да бидат еколошки прифатливи. За ова се свесни и производителите на пневматици, кои почнаа да претставуваат интересни концепти.

Најновиот пример е гумата на Goodyear наречена Oxygen, односно „кислород”, на која не и е потребен воздух, бидејќи мрежестата архитектура овозможува апсорбирање на силата и одржување на конструкцијата без притисок.

Наместо со воздух, оваа гума е исполнета со мов. При вртењето, пневматиците собираат влага од околината и СО2 од воздухот, а потоа мовта со помош на фотосинтеза создава кислород.

Во град како Париз со 2,5 милиони возила во секојдневна употреба, оваа гума би елиминирала 4.000 тони СО2 годишно и во атмосферата би емитирала 3.000 тони кислород.

Наводно, пневматикот е способен да создава и електрична енергија при фотосинтезата, со која ги напојува сензорите, електрониката и технологијата за комуникација со останатите возила во близина.