Толку многу се потпираме на нашите паметни телефони што е прилично точно да се каже дека се продолжение на самите нас, така што фактот што научниците развиле вештачка „кожа“, што им овозможува на смартфоните да почувствуваат скокоткање, не е големо изненадување. Можеби е тоа застрашувачко, но беше само прашање на време.

Истражувачите од Бристол и Париз развија вештачка мембрана налик на кожата која ја имитира човечката кожа не само според изглед, туку и по нејзините сетилни способности. Преку слојот на хиподермисот, слојот на електроди со спроводни влакна и површински слој, мембраната е во состојба да „чувствува“ разни гестови и интеракции, како што се скокоткање, удирање и штипење.

Работата проучува каде се среќаваат човекот и машината, велат истражувачите. „Вештачката кожа е широко проучувана во областа на роботиката, но со фокус на целите на безбедноста, сензорите или козметиката. Ова е прво јавно познато истражување кое се занимава со употреба на реална вештачка кожа како нов влезен метод а проширување на уредот“, рече Марк Тејсиер, водечки автор на студијата.

Ова значи дека крајниот корисник е во состојба да го користи допирот за да ги изрази емоциите преку дигитална комуникација. Скокоткањето на кожата, на пример, може да прикаже насмеан емотикон, додека силниот зафат може да пренесе гнев. Тоа е технологија која наскоро би можела да стане норма, бидејќи истражувачите ги повикуваат програмерите кои се заинтересирани за интерфејсот да им се јават.