Европската вселенска агенција (ESA) почнува со тестирање на технологија, која на астронаутите од Меѓународната вселенска станица би им овозможила да управуваат со ровери, кои се наоѓаат, или во иднина ќе се наоѓаат, на Месечината и Марс.

Се истакнува дека овој проект би можел да овозможи подобро да се испитуваат другите светови и во текот на тој процес да се утврди колку се безбедни за луѓето, со цел астронаутите во блиска или нешто подалечна иднина да не се спушаат на небеските тела, кои не ги задоволуваат тие услови.

Во првата фаза од проектот на ESA, астронаутот Лука Пармитано треба да ја преземе контролата врз роверот што ќе се најде на површината која наликува на Месечината, но на Земјата, и тоа во Холандија. Специјализираниот компјутер на Меѓународната вселенска станица треба да му овозможи на Пармитано да го „осети“ она што го чувствува „роверот“, а преку специјален џојстик што комуникацијата со роботот ја подигнува на едно сосема ново ниво.

Европската вселенска агенција по завршените тестирања ќе процени колку е успешен проектот и пред сè, колку астронаутот е во состојба да го управува роверот во услови на микрогравитација. Ако се оди според планот, новиот проект би можел да го отвори патот за истражување на нови светови, и да креира методи благодарение на кои астронаутите би останувале безбедни во авионот, се додека роверот или друг робот не утврди колку е безбедна надворешната околината.