Google ќе ги претстави Pixel 4 и 4 XL телефоните на 15 октомври, а само неколку дена пред објавувањето, четвртата генерација Pixel уреди беше наведена на страницата Best Buy Canada, со сите спецификации и цени.
Фотографиите на уредите не откриваат ништо ново и ги покажуваат уредите во Just Black и Clearly White варијанти, што ги видовме и порано.
Листингот го вклучува и промотивниот материјал, кој истакнува дека софтверот за Pixel 4 ќе овозможи креирање на речиси професионални фотографии. Се сугерира дека фотографирањето со Pixel 4 е лесно – потребно е само да ја насочите камерата кон субјектот/објектот и да ја креирате содржината.
Промо материјалот, исто така, ги споменува и Quick Gestures (брзи гестови), а функцијата овозможува да правите работи без да го допирате телефонот. Потврдена е и функцијата на неограничен бекап во Google Photos за корисниците на Pixel 4.
Објавата ги споредува и спецификациите на двата Pixel 4 модела со Pixel 3 XL, а карактеристиките се поклопуваат со она што веќе го дознавме за уредите.