HMD Global делумно го обнови интересот за брендот Nokia благодарение на лансирањето на новата генерација на паметни телефони на Android. Околу 18 месеци поминаа од нивниот прв модел, а сега ние разбираме дека компанијата успеала да се најде на листата на топ-10 мобилни производители. Податоците од последното истражување спроведено од Counterpopint Research откриваат дека во вториот квартал од 2018 година, HMD Global има 4,5 милиони продадени паметни телефони во светот.

Ова ја прави компанијата деветти по големина производител на паметни телефони со Android и е уште едно признание за нивниот успешен бизнис модел. Горенаведените вредности се драстично помали, наспроти оние на лидери во овој сегмент како Samsung и Huawei, но и покрај тоа се доказ дека компанијата се движи во вистинската насока. Следната голема цел пред HMD Global е да се обидат да го надминат Lenovo, кои продале 9,9 милиони смартфони во периодот април-јуни 2018-та, пишува веб сајтот на Counterpoint Research.

Добрите перформанси на компанијата се рефлектираат и од фактот дека тие речиси двојно ја зголемија продажбата во однос на Sony за истиот период. Во споредба со резултатите од вториот квартал од минатата година, HMD Global пријави импресивен раст од 782%. Аналитичарите очекуваат Nokia уредите да продолжат да се здобиваат со популарност и да забележат уште поголема продажба во останатите месеци до крајот на годината. За да се постигне ова, HMD Global веќе работи на неколку нови модели.