Nikon ја прошири својата линија на фотоапарати со новиот модел Z50, а во прашање е првиот фотоапарат на компанијата без огледало во DX формат. Новиот модел доаѓа по значително пониска цена од претходно објавените Nikon Z6 и Z7 модели.

Nikon Z50 има APS-C формат на камерата, со 20.9MP CMOS сензор, со максимална резолуција од 5568 x 3712 пиксели. Корисниците можат да креираат фотографии во 1:1, 3:2 и 16:9 однос на страници, како и видео во резолуција до 4K UHD 3840 x 2160 пиксели.

Nikon има имплементираше многу функции во фотоапаратот, вклучувајќи ја дигиталната стабилизација на сликата за снимање видео, ISO 100 до 51200, електронска брзина на затворачот од 1/4000s до 30 секунди, поддршка за интервалско снимање и друго.

Фотоапаратот е лесен и компактен, но и покрај малата големина, тој доаѓа со 3,2-инчен LCD екран, OLED електричен viewfinder и вграден блиц.

Nikon Z50 пристигнува по цена од 865 долари (без леќи) и ќе се појави на пазарот кон крајот на ноември.