Истражувањето што го спроведе универзитетот Принстон покажува дека телевизорите поврзани на интернет се полни со тракери, кои собираат податоци за навиките на корисниците. Ова важи и за Smart TV кутиите, како што се Roku или Amazon Fire.
Токму тоа е и една од причините зошто телевизорите и паметните Smart TV box уреди се толку ефтини денес. Технички, корисниците се согласија со тоа кога го почнаа процесот на подесување на своите уреди, но бидејќи речиси никој не ги чита „малите букви“, многу од нив не се ни свесни со што се согласиле.
Оваа практика не е ограничена само на телевизорите. Истражувачите од североисточниот универзитет проверувале 81 паметен домашен уред и откриле дека повеќето, вклучувајќи ја и Alexa, но и Amazon Ring и Zmodo собираат податоци за корисниците, дури и кога не gi користат. Ring, на пример, не ги информира корисниците дека го снима целиот разговор во реално време и не дава никакви визуелни индикации дека тоа се случува.
Што се однесува до телевизорите, некои од податоците што се собрираат се општи – на пример типот на уредот, градот и земјата,. Сепак, некои други информации се уникатни (сериски број на уредот, Wi-Fi мрежа …) и тие може да се искористат за идентификација на корисниците.
Студијата објави дека тракарите биле пронајдени на 69 проценти од каналите на Roku, како и на дури 89 проценти од каналите на Amazon Fire. Некои од тракерите се познати (како што е AD сервисот DoubleClick AD на Google, кој постои на дури 97 проценти од каналите на Roku).