Asus својата понуда на гејмерски монитори ја прошири со уште еден модел од серијата ROG Strix. Се работи за моделот XG17AHP, а како што се гледа од самото име се работи за 17-инчен монитор, поточно за IPS дисплеј со дијагонала од 17,3 инчи.

Она по што овој монитор се издвојува во однос на останатите е што се работи за преносен монитор, кој има сопствена батерија (7.800 mAh), за да не ја троши онаа од лаптопот, таблетот или смартфонот. Со мониторот доаѓа и пригодна заштитна навлака, која воедно служи и како заштита за екранот, кога не се користи.

И додека споменатата навлака во понудата ја имаат и другите производители на преносни монитори, Asus отиде и чекор понатаму и во понудата стави и корисен троножец, со кој преносниот XG17AHP монитор ќе ги поприми сите одлики кои ги имаат и стационарните монитори, предвидени за постојано користење на биро. Троножецот секако е склоплив, па можно е да се понесе со себе на пат, при што нема да заземе премногу место во патната торба или ранец.

ROG Strix XG17AHP се одликува со резолуција од 1920 x 1080 пиксели, фреквенција на освежување од 240Hz, брзина од одзив од 3 ms, осветлување од 300 нита и поддршка за 100% sRGB спектаорот на бои. Тука се и стерео звучниците (2x 1W) и ESS Saber HiFi DAC. Од конекторите има по еден USB Type-C и еден Micro HDMI.

Автономијата на мониторот со едно полнење на батеријата изнесува околу 3,5 часа (240 Hz). Во текот на работата троши помалку од 10W, додека во состојба на приправност, потрошувачката паѓа на 0 W. Еднаш кога ќе дојде времето за полнење на батеријата, мониторот за еден час ќе се наполни за 120 минути користење. Масата на самиот монитор изнесува 1060. грама, а со триножецот 1.760 грама.

Деталните спецификации се достапни на официјалната веб-страница на производителот. Цената за глобалниот пазар не е позната, но на азискиот пазар изнесува 569 евра.