На крајот на ноември, Samsung го започна процесот на надградба на сериите Galaxy S10 на стабилната верзија на Android 10, кон средината на декември ова се случи и за Note10, а сега изгледа дека почнува и ажурирањето на Galaxy Note9.

Стабилната верзија на софтверот сега е достапна за корисниците во Индија кои се дел од бета програмата за софтверско тестирање, а информациите доаѓаат од Sammobile.

Верзијата N960FXXU4DSLB е со големина од 100MB и вклучува повеќе „закрпи“ за безбедност на Android за декември.

Ако сте меѓу учесниците во бета програмата, најверојатно наскоро ќе добиете и стабилна верзија на софтверот. За сите други, изгледа дека чекањето ќе биде подолго.