Instagram мобилната апликација поминува низ некои промени, а наскоро ќе биде отстранет Follow табот од Heart менито. Instagram ова го потврди, истакнувајќи дека Following табот го отфрла од неколку причини. Главна меѓу нив е тоа дека најголемиот број корисници не ни знаеше дека постои оваа опција.

Проблемој кој Instagram го има со овој таб се состои од два дела. Најпрвин, функцијата останува неискористена од голем број на корисниците, така што нема поента да биде задржан. Второ, понекогаш оние кои ќе дознаат за Following табот добиваат предупредување дека нивната Instagram активност може да биде објавена и видена од другите корисници, што голем број корисници не го одобруваат.

Од оваа недела, Following табот ќе биде отстранет и Heart фидот ќе ја прикажува само активноста на корисникот. Explore табот сега е главна опција на корисниците на Instagram за откривање нови содржини, така што не се очекува дека Following табот некому ќе му недостасува.