Таканаречената одмаздничка порнографија неодамна стана приоритет на Facebook тимот кој се грижи за сигурноста на корисниците.

Откако беше најавен сет алатки во април, популарната социјална мреѓа воведе пилот програма која ќе помогне во спречувањето ширење содржини кои се објавуваат со цел одмазда.

Програмата се тестира во Австралија, а потоа ќе стигне во САД, Велика Британија и Канада. Се работи за алатки наменети за корисниците на Facebook, Messenger и Instagram, за да се спречи делење на нивни интимни фотографии без нивна дозвола.

Facebook веќе го тестираше системот кој веднаш не ги блокираше објавените фотографии. Кога тие беа означени, ги прегледуваше тимот за социјални операции на Facebook, а потоа ја користеше технологијата за препознавање фотографии за да спречи нивна објава и нивно ширење.

Сега новата пилот програма им овозможува на корисниците да пријават загриженост поради фотографии кои сè уште не се споделени, за да се спречи нивното ширење на платформите на Facebook.

Колку за пример, доколку некој е загрижен дека поранешниот партнер или партнерка можат да објават интимни фотографии без нивна согласност, тогаш може да ги пријават фотографиите на eSafety уредот, а технологијата на Facebook ќе спречи нивно објавување и делење.

Одмаздничката порнографија полека станува кривично дело во земјите како Австралија и САД.