Chromebook компјутерите продолжуваат да импресионираат со својот однос на цената и квалитетот, а уредите на HP не се исклучок.

Се работи за првиот 15-инчен HP Chromebook, кој пристигнува со тастатура со целосна големина и нумеричлки дел, но со IPS дисплеј осетлив на допир и 64 GB основна флеш меморија.

Овој модел чини 449 долари, а со доплата е можно да се удвои eMMC меморијата и да добие побрз Intel Core i5 процесор, Колку тоа ќе чини, засега не е познато.

Лаптопот има одлични спецификации за споменатата цена и е одлична алтернатива за било кој стандарден лаптоп, кој е поскап.

HP Chromebook поседува 4 GB RAM, интегрирана Indel HD Graphic 640 графичка картичка и батерија која трае до 13 часа. Однапред е широкоаголна веб камера со два микрофона, а тука се и вградените звучници Bang & Olufsen. Лаптопот е можно да се добие во сребрена и сина боја.

HP Chromebook 15 е уште еден Chrome OS уреди во понудата на поголемите лаптопи, откако Asus претходно го претстави својот 15-инчен Chromebook минатата година. Acer и Lenovo исто така произведуваат 15-инчни модели.