Телефоните против овој пропуст требаше да бидат закрпени уште во 2017. година, но не се закрпени!

Компанијата Google, како што наведе GSMArena, пронајде сериозен сигурносен пропуст во Xiaomi, Pixel, OPPO, Samsung, Motorola и Huawei телефоните и објави точно за кои модели се работи.

Тоа се Xiaomi Redmi 5A, Redmi Note 5, Xiaomi A1, Google Pixel, Google Pixel 2, OPPO A3, Motorola Moto Z3, Huawei P20, како и Samsung Galaxy S7, Galaxy S8 i Galaxy S9 уредите. Вкупно 11 уреди, од кои барем осум се уште се во продажба кај нас и во регионот.

Според изворот на оваа информација, закрпа требаше да го реши овој сигурносен пропуст уште кон крајот на 2017. година, но тоа од некоја причина не се случи. Компанијата Google објави дека пропустот бил откриен кон крајот на септември 2019. година, па иако не го објаснува детално, ниту се наведува што точно е во прашање, компанијата вели дека е потребно корисникот да ја овозможи инсталацијата на малициозниот софтвер, за да се искористи пропустот. Сепак, ако корисникот на телефонот има означена опција за инсталација на апликации и игри од надворешни извори и користи .apk фајлови, постои поголема можност сигурносниот пропуст и да се искористи.

За нападите моментно се обвинува израелската група NSO Group, која е позната по нападите на политичарите, политичките и невладини активисти и борци за човекови права.

Повеќе за безбедносниот пропуст откријте на Google блогот.