Во најновите протечени фотографии веќе можеме да го видиме претстојниот Google Pixel 4 од сите страни. Се работи за веројатно најдеталниот графички приказ на изгледот и дизајнот на најновата генерација телефони кои ги потпишува самиот Google, креаторот на Android оперативниот систем.

Уште повеќе, прикажана е и страната која ќе ја видат корисниците кога ќе сакаат да ја вклучат заштитата со идентификација на лицето.  Една од главните особини на овој уред е дисплејот со освежување од 90Hz и токму опцијата за идентификација на лицето.

Evan Blass, познат како извор на протечени фотографии на интернет на уредите кои се уште не се излезени на пазарот, го направи уште еднаш она што го прави најдобро. Добивме нови фотографии од претстојниот Google Pixel 4 смартфон, кои додаваат уште по некоја информација.

На овие фотографии може јасно да се види датумот 15.10 и времето на објава на уредот на шарената позадина на уредор. За оние кои се прашуваат, на фотографијата се наоѓа XL верзија на новиот Pixel.

Google досега ги потврди сензорите во врвот на уредот, кои ќе служат за контрола на движењата кои би требало да бидат добар дел од користењето на самиот уред. Големата рамка на горниот дел, која и натаму е присутна наспроти танките рамки кај конкуренцијата, тука има оправдување бидејќи крие и посебна камера за препознавање на лицето, систем сличен како кај смартфоните на Apple.

Во однос на трите камери кај Apple, нивниот конкурент ќе има две на задната страна.