Новата генерација на iPhone се продава толку добро што Apple не постигнува да ги задоволи барањата на пазарот ширум светот, според наводите од најновиот извештај. Компанијата поради тоа одлучи да го сголеми производството на iPhone 11 и iPhone 11 Pro моделите.

Nikkei известува дека Apple од снабдувачите веќе барал да го засилат производството за 10 проценти, а изворите блиски до оваа тематика тврдат дека ова ќе претставува зголемување од приближно осум милиони примероци на телефони.

Она што е битно да се истакне е дека прилагодувањето се однесува на сите iPhone модели, а не самото на новата генерација, иако iPhone 11 i iPhone 11 Pro најмногу ќе профитираат од ова индивидуално производство.

Извештајот ито така споменува дека ќе биде намалено производството на iPhone 11 Pro Max моделот, бидејќи најголем дел од нарачките се однесуваат на другите два модела во линијата.

Apple повеќе не ги објавува своите продажни резултати, но засновано на податоците на малопродажба, аналитичарите веруваат дека iPhone 11 се продава подобро отколку што првобитно се очекуваше.