Во египетскиот град Тама, на западниот брег на реката Нил во Египет, пронајден е храм стар повеќе од 2.000 години, од времето на кралот Птоломеј IV, украсен со детални релјефи.

Храмот го откриле работници кои копале канализација, а Министерството за антиквитети соопшти дека работите биле веднаш сопрени и на локалцијата се повикани археолози. Тимот до сега открил ѕид кој се простира од север кон југ и југозападниот агол на храмот, кој е украсен со релјефи на Хапија, египетскиот бог на плодноста и годишното плавење на реката нил шрто им овозможувало на древните Египќани да им цевта земјоделствот.

Релјефите го покажуваат Хапија како носи понуди, окружен од птици и други животни. Во фрагменти од текстот се спомнува Птоломеј IV, четвртиот фараон од династијата Птопломеиди. Во прашање е хеленска династија која владеела со Египет од 305 до 30 година пред нашата ера и често преземала кралски и религиозни симболи од поранешните, автохтони владетели на Египет.

Последен владетел од династијата Птоломеи е Клеопатра, која владеела од 51 до 30 година пред новата ера. Птоломеј IV владеел со Египет од 221 до 204 година пред новата ера. Бил син на Птоломеј III и Беренка II, која го надживеала сопругот само додека синот не наредил да ја отрујат, а бил нејзин совладетел.

Владеењето на Птоломеј IV не било успешно. Историчарите наведуваат дека бил заинтересиран само за лумпување и себеси се сметал за поет. За владеење со земјата не бил кадарен. Тој наводно, пренел повеќе од клралските должности на амбициозниот свештеник по име Сосибус. За време на неговото ввладеење почнува постепено слабеење на Птоломејски Египет, па народот почанл да се буини против него, што довело до нестабилност и смртоносни борби кои ги одбележале последните пет години од неговото владеење. Неговиот син Птоломеј V е автор на написот врежан на прочуениот камен од Розета, кој на научниците им овозможи да ги дешифрираат египетските хиероглифи.