Воздухопловните сили на САД денеска тестираа невооружена интерконтинентална балистичка ракета со лансирање од базата Ванденберг во Калифорнија.

Ракетата „Минитмен 3“ била истрелана од Калифорнија и прелетала 6.760 километри преку Пацификот кон Маршалските Острови.

Воздухопловните сили соопштија дека тестот покажал способност на интерконтинентален балистички ракетен систем и не претставува одговор на светските настани или регионални тензии.