Microsoft има традиција и своевидно хоби да креира ретро додатоци и периферии за PC, а компанијата наводно планира да објави модерна верзија на Ergonomic Keyboard и Ergonomic Mouse уредите.

Извештајот на германскиот сајт WinFuture споменува дека најавата на овие уреди ќе следува во текот на 2. октомври, во рамки на хардверски настан во текот на кој Microsoft ќе ги претстави новите Surface Pro 7 и Surface Laptop 3.

Според наводите, новите периферии ќе бидат достапни во црна, пастелно сина и боја на кајсија, во споредба со оригиналните верзии кои беа достапни само во бела боја.

Тастатурата и маусот ќе пристигнат со технологии од новата генерација, вклучувајќи ја и USB конекцијата (наместо PS/2). Истиот извештај споменува дека новата Ergonomic тастатура ќе чини 60 долари, додека Ergonomic маус ќе има цена од околу 50 долари.