Се очекува дека Microsoft во текот на следната недела ќе претстави нов Microsoft Pro 7, а повеќе информации сугерираат дека компанијата би можела да прикаже две варијанти на истиот модел.
Според извештате, Microsoft би можел да претстави освежена верзија на актуелниот Surface Pro модел со некои помали измени, но и поголема измена на дизајнот и карактеристиките на истиот уред на полето на хардверот и дизајнот.
Новиот модел го носи кодното име Campus, а се очекува дека ќе има „borderless” дизајн. Тоа значи дека Microsoft ќе ја намали големината на рамките околу екранот, а се истакнува дека дизајнот помалку или повеќе ќе потсетува на iPad Pro на Apple.
Новите карактеристики би требало да вклучуваат USB-C наместо USB-A порт, како и MiniDisplay порт, додека 4G LTE ќе биде понуден од старт. Постои можност дека овој модел ќе биде објавен како Surface Pro 7, за да се разликува од остатокот од линијата.