Статистичките податоци на Google Analytics покажуваат дека веб-порталот за популарна технологија бележи голем раст на читаноста во изминатиот месец.

Порталот за популарна технологија USB.mk, покрај кај машката популација е доста популарен и кај женските читатели. Податоците за месец ноември покажуваат дека 44,1 процент од вкупниот број на читатели на USB.mk се жени, во однос на 55,9 проценти на машка публика, што е прилично голема бројка за технолошки веб-портал, кој традиционално привлекува повеќе машки читатели.

Статистичките податоци на Google Analytics покажуваат дека USB.mk бележи раст на читаноста во изминатиот месец. Во периодот од 1 до 30 ноември, веб-страницата кој ги опфаќа сите области на IT индустријата и телекомуникациите, како и науката и футуристичките пронајдоци ја посетиле 85.349 корисници, а остварени се вкупно 153.925 сесии. Дури 74.6 проценти од сесиите се забележани од паметните телефони, што говори за прогресивната и технолошка природа на нашата публика. Фејсбук страницата на USB.mk, од формирањето на 25 мај оваа година па досега има 36.841 фанови. Сите статистички податоци поврзани со USB.mk и другите веб-страници од нашата групација можете да ги пронајдете на корпоративната веб-страница clip.mk.

Основната идеја на сајтот е секој да може да пронајде информација за себе, врз основа на своите интереси, потреби и ниво на знаење, при тоа уживајќи во модерниот изглед и напредната навигација, создадени според најновите веб-стандарди. USB.mk е насочен кон секоја модерна личност свесна дека технологијата е составен дел од секојдневниот живот, работа и забава.

Речиси нема возрасен човек што секојдневно не употребува смартфон, таблет или лаптоп, поради што USB.mk изобилува со вести и рецензии за најновите мобилни уреди и различните видови иновативни гаџети, а најчитана рубрика е Футурама. Рубриката е исполнета со несекојдневни информации и неверојатни достигнувања од областа на популарната технологија. Третира и теми од областа на астрономијата, роботиката, архитектурата, археологијата и автомобилизмот.

Софтверската секција нуди информации за најпопуларните апликации и програми, додека забавниот дел од сајтот го сочинуваат секциите за мултимедија, игри и конзоли, како и невообичаените технолошки производи, попознати како гаџети. Експанзијата на социјалните медиуми што ги користат поголемиот дел од луѓето кај нас и во светот само ја потврдува постојаната изложеност на дигиталната сфера, поради што посебен акцент е ставен и на свежи информации од глобалната интернет мрежа.