Motorola RAZR е еден од легендарните телефони од минатото, кој во текот на својот период се продаде во над 130 милиони примероци. Најновите информации сугерираат дека новиот Motorola RAZR е подготвен да се појави во продажба до крајот на оваа година.

Гласините за телефонот почнаа да се појавуваат во февруари, 2018. година, кога Lenovo го навести постоењето на освежениот Motorola RAZR модел. Повеќе од една година подоцна, телефонот доби Bluetooth сертификат.

Минатиот месец се појавија гласини кои се поклопуваат со најновите информации: RAZR би требало да биде достапен во Европа по цена од 1500 евра.

Гласините од порано сугерираат дека Motorola RAZR би требало да има 6,2-инчен дисплеј со 2142 x 876p резолуција, кој се преклопува вертикално. На задната страна е присутен и помал екстерен дисплеј, како и сензор за отпечатоци од прсти. Телефонот, според наводите, ќе го покренува Snapdragon 710 CPU и ќе им 2730mAh батерија.