Куќа тешка 400 тона беше пренесена преку река во американската сојузна држава Мериленд, пренсуваат американските медиуми.

Куќата стара над 250 години помина пат oд 80 километри на сплав, а селидбата чинеше милион долари.

Историската куќа била изградена во 1764 година, но со години била напуштена.

Американските медиуми пренесоа дека куќата ја купил извесен Кристијан Нили, кој ја испланирал комплицираната селидба.