IKEA ги претстави своите два паметни звучника во Велика Британија и Америка. Ова се први звучници во производството на познатиот шведски ланец на мебел.

Bluetooth звучниците наречени Eneby достапни се во две големини. Малиот звучник има пропорции 20х20 сантиметри, а големиот звучник 30х30 сантиметри.

Купувачите можат да бираат помеѓу црн и сив звучник со бела или црна пластика на врвот на уредот.

Двата звучника имаат функција на автоматско гаснење поради зачувување на енергијата кога никој не ги користи. Исто така, можете да ги поврзете со кабел со уредите кои немаат Bluetooth. Инаку, Eneby звучниците можат да се поврзат со осум Bluetooth уреди истовремено.

Ikea детално не ги претстави аудиоспецификациите на звучниците, освен неколку детали и цената. Големиот звучник чини 89 долари, а малиот 49 долари. IKEA исто така продава и батерија за 20 долари, а држачот за звучниците е десет долари.