Кога некој ќе ја искоментира вашата објава или ќе ја сподели, социјалната мрежа Minds ќе ве награди со токен.

Марк Цукерберг неодамна за време на сведочењето пред американскиот Конгрес порача дека секогаш ќе има некаква верзија на Фејсбук која што ќе биде целосно бесплатна, а според многумина, со тоа првиот човек на Фејсбук сигнализираше дека во иднина корисниците би можеле да плаќаат претплата за можат да ја користат социјалната мрежа без огласи.

Но, што ако некој ви рече дека има социјална мрежа која што наликува на Фејсбук, но главната разлика е во тоа што на своите корисници им плаќа за времето поминато на мрежата? Дека ќе заработите за секој коментар, објава или лајк?

Станува збор за (крипто)социјалната мрежа Minds која што постои од 2015-та година и која што моментално има околу еден милион корисници. Во споредба со 2-те милијарди на Фејсбук, милионот буквално изгледа како ништо.

На Minds можете да објавуваате свои фотографии, статуси, да коментирате или едноставно, да комуницирате со своите пријатели. Но, кога некој ќе ја коментира вашата објава, тогаш Minds ќе ве награди со токен.

Засега тие токени не може да бидат заменети за пари, но наскоро ќе се случи и тоа. Дотогаш, тие токени ќе можете да ги искористите за да платите некаков оглас. Разликата е во тоа што рекламите на Minds се целосно транспарентни, па можете да видите која реклама е платена од кој корисник.

Минатиот месец од Minds започнале со тестирање на претворање на својот токен во криптовалтата Mindst токен кој што се темели на познатата криптовалута Etherum. Идејата е корисниците наскоро своите токени од “Minds” да можат да ги претворат во криптовалути и полесно да ги претворат во реални пари.

Концептот на Minds со плаќањето на луѓето за нивното време и податоци онлајн резултираше со тренд на зголемувањето на корисничката база на оваа социјална мрежа.

Извор: Zimo.hr