Samsung Galaxy Fold по првобитните проблеми, конечно е достапен во одредени региони, како и во лимитирани количини, додека високата цена ќе ги оневозможи многумина да си го приуштат овој флексибилен телефон. Меѓутоа, Samsung наводно работи на втор Galaxy Fold модел, кој би требало да биде достапен глобално и да има многу пониска цена.

Телефонот, со број на модел SM-F700F ќе има 256 GB простор за складирање (половина од она што го нуди актуелниот Fold), а се очекува дека ќе има и помалку RAM. Меѓутоа, моментно не е познато на кој пазарен сегмент ќе цели Samsung со новиот модел (моментниот Galaxy Fold има цена од 1980 долари во претпродажба).

Покрај ова, не е познато дали јужнокорејската компанија ќе се одлучи само на промена на компонентите за да ја намали цената, или планира комплетен редизајн за поевтиниот Galaxy Fold.

Се очекува дека поевтиниот и преработен Galaxy Fold би можел да биде претставен следната година.