Се работи за минималистички телефон со големина на кредитна картичка, кој нема пристап до интернет и останатите функции кои ги имаат другите смартфони.

Американската компанија Lite минатата година го презентираше првиот „анти-смартфон“ на светот, а сега се враќа со неговиот наследник. Се работи за минималистички телефон со големина на кредитна картичка, кој нема пристап до интернет и останатите функции кои ги имаат другите смартфони.

Идејата на производителот е да го оставите вашиот телефон дома, за да уживате во животот со Lite Phone.

На почетокот на март оваа година беше претставен Lite Phone 2, кој е подобрена верзија на неговиот претходник и има повеќе можности, со што е попрактичен за користење во секојдневниот живот.

Неодамнешните скандали со хакирање и изневерување на довербата на Facebook профилите би можела да ве натера да одморите од социјалните мрежи, па баш поради тоа Lite Phone 2 изгледа како идеалниот избор за нов телефон.

Новиот Lite Phone 2 има нови опции, како што се аларм, поголем звучник, USB-C конектор за полнење и многу моќна батерија која е штедлива. Дизајнерите наведоа дека телефонот и понатаму е во развојна фаза, па може да се очекува неговите наследници би можеле да добијат и некои нови функции, апликации и слично, но постои дилемата дали сето тоа има смисла.

Додека е во тек неговата кампања на Indiegogo, телефонот може да се купи за 250 долари, додека подоцна цената се очекува да биде околу 400 долари.