Ретко кој би помислил дека најсувото место на планетата со најекстремни ултра-виолетови зраци може да имa врска со борбата против болестите.

Меѓутоа, како што објаснува микробиологот Мајкл Гудфелов, нејзината негостопримливост е токму тоа што ја прави драгоцена.

„Претпоставката, поради тоа што условите за живот се свртени кон Атакама, организмите мора да се прилагодат на нив. Доколку бактериите можат да преживеат во таа пустина тоа значи дека тие развиле нови хемиски структури кои можат да имаат многубројни медицински промени“ – објаснил тој.

https://youtu.be/2FEOhwGKrOI

Пред десет години тој зел примерок од тлото на хиперсушно езеро од пустината кое не “видело“ дожд милион годни. Не очекувал дека во него ќе најде трагови на живот, но на негово изненадување открил различни популации на бактерии. Тоа било почеток на истражувањето кое траело цела деценија.

Следело и највозбудливото откритие – во Атакама не само што живеат бактерии туку таа е и дом на антибактерии. Тие во микробиолошките кругови се ценети поради својата способност да лачат органски хемиски соединенија познати како секундарни метаболити поради кои можат да се одбранат од ривалски микроби.

Најпознатиот род на антибактерии се streptomices. Тие имаат способност да произведат хемикалии кои ги спречуваат микробите за туберкулоза да произведат протеини кои се неопходни за опстанок. Кога научниците во 1944-та година успеале да ја изолираат оваа хемикалија настанал лекот за туберкулоза кој спасил многубројни животи.

Супермикробите кои се патогени одговорни се за напад на антибиотиците и се виновни за смртта на повеќето луѓе. СЈО отпорноста на антибиотиците ја прогласила за една од најголемите опасности поради која потребно е да се бараат нови лекови кои бактериите сè уште не успеале да ги совладаат.

Извор: Alo.rs