Redmi Note 8 Pro телефонот на Xiaomi беше официјализиран кон крајот на август во Кина, а го карактеризираат одлични спецификации и исклучитечно достапна цена, во согласност со досегашното реноме на оваа линија уреди. Телефонот сега конечно пристигнува и во Европа.
Смартфонот најпрвин ќе биде достапен во Шпанија, преку онлајн продавницата на Xiaomi и AliExpress. Препорачаната малопродажна цена на уредот е 249 евра за верзијата со 6GB RAM и 64GB простор за складирање, додека моделот со 128 GB ќе чини 269 евра.
Redmi Note 8 има 6.53-инчен FHD+ “Dot Drop” LCD екран, со screen-to-body однос од 91,4 проценти. Сензорот за отпечатоци од прсти се наоѓа на задната страна, додека Gorilla Glass 5 заштитата е присутна и од предната страна и на задниот дел од уредот.
Телефонот го покренува MediaTek G90T осмојадрен чипсет, со такт до 2.05GHz, со ARM Mali-G76 GPU на фреквенција од 800MHz. Прв пат во Redmi Note линијата е вградена LiquidCool технологија, која ќе ја регулира топлината на уредот и фрејмрејтот во текот на интензивен гејминг.