Компанијата HMD Global ја претстави актуелната Nokiа 6 пред нешто повеќе од една година, а сега е на пат нов модел.

Nokia 6 (2019) кој се нарекува и Nokia 6.2 поседува 6,2-инчен екран со засек за предната камера. Тоа би можел да виде истиот засек кој го видовме на рендерите на Nokia 8.1 Plus.

Покрај овој податок, откриено е дека новата Nokia 6 има dual Zeiss камера од 16 мегапиксели со OZO Sound поддршка. OZO Sound користи алгоритми и микрофонот од телефонот за снимање на звукот од опкружувањето од 360 степени.

Смартфонот ќе добие осмојадрен Qualcomm Snapdragon 632 процесор, 4 или 6 GB RAM, зависно од интерната меморија, а го користи оперативниот систем Android 9 Pie.

Продажбата на смартфонот почнува кон крајот на јануари.